Колумна: Славчо Неделковски

Што е комунизам, а што социјализам нема да пишувам, но ќе запишам дека историската неписменост кај „писмените“ историчари ни е позната национална фалинка.

И редно е пред да ни ги ставате „под нос“ Гоце Делчев и Јосип Броз Тито со барањето „бирај“ да ја прочитате Повелбата на Македонската Револуционерна Организација.

Таа немаше “в” во називот што е историски факт од низата грешки по т.н. споменици. Ние што е право никогаш немавме основачи на ВМРО, ами на МРО.

Или за оние кои не сакаат да прочитаат:

Во Повелбата во оригинал во Преамбулата седум пати е искористен зборот социјализам и социјалистички принципи – социјалистички идеи и идеали на социјалистичкото општествено делување и уредување.

А, ако сакате hardcore и во Уставната уредба на т.н. востаничка власт од Илинденското востание зборовите социјализам и социјалистички принципи – идеи и идеали во општественото делување и уредување, се повторуваат 11 пати.

И сега? Гоце „комуњар“?

Впрочем македонскиот народ никогаш не пател од туѓа чизма, ами од свој опинок со што и во време на Гоце, а и Тито, предавници биле „најголемите“ патриоти – „патриоти“ кои велат „бирај!“

И аман од “бирај!” дали си Македонец или Македонец – па тоа пустото не се бира ами се знае – кој и ако знае.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *