Времето денес: Облачно со обилен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (понекаде над 20л/м2). Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено ќе преминуваат од дожд во снег.

Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од денешните. Уште од ноќта ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет степени, а дневната температура од четири до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи  од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до седум степени. Во Маврово 4, Охрид 9, Битола 7, Крива Паланка и Берово 5, Каваадарци 10, Дојран 11.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневните температури. Наутро постудено ќе биде особено во среда и четврток. Дневните температури ќе бидат во Скопје 10, Маврово 5, Охрид 10, Битола 9, Крива Паланка 7, Берово 6, Кавадарци 13, Дојран 14.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *