Одложен и Канскиот фестивал

Канскиот филмски фестивал соопшти дека поради превентивните мерки за заштита од коронавирусот се одложува годинашното 73. издание, кое требаше да се одржи од 12 до 23 мај. Фестивалот објави дека биле разгледани повеќе опции со цел да се одржи фестивалот, меѓу кои и таа да биде поместен до крајот на јуни – почетокот на јули.

„Во ова време на светска криза, се молиме за жртвите на КОВИД-19 и изразуваме поддршка кон сите оние кои се борат со болеста. Во моментот кога развојот на француската и светската здравствена состојба ќе ни дозволи реална можност, ќе ја донесеме одлуката за точниот датум“, изјавија од фестивалот.

Одлуката следи по мерките кои ги презеде Владата против ширењето на коронавирусот, како забрана за собирања на над 100 лица. Европската Унија деновиве ги затвори границите, а се откажуваат и голем број авионски летови.

Отворањето на Биеналето на архитектура во Венеција се помести од мај за август, а деновиве се откажа годинашната Евровизија во Ротердам.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *