,,Вовед во анатомија” и сличните ТВ серии ќе ги донираат материјалите од снимањата

Продуцентите на ТВ сериите со медицинска тематика го донираа вишокот медицински материјали за здравствените работници и болниците кои што имаат потреба.

Сериите како ,,Специјалист’ и ,,Вовед во анатомија” го донираа целиот вишок медицинска опрема на локалните болници. Опремата од сетот на серијата „Специјалисти “ била донирана во локалната болница во Атланта. Ревматологот Карен Лов на својот профил на Инстаграм објави фотографија од донацијата.

Новинската агенција АБЦ посочи дека серијата ,,Станица 19” ги ​​донирала сите свои маски N95 на локалната противпожарна станица. Имале околу 300 маски на сетот и биле среќни што ќе им ги подарат на професионалците на кои им биле потребни. Голема количина заштитна опрема, вклучително и нараквици, заштитни костуми и маски, биле донирани и од сетот на „Вовед во анатомија“, пренесува Инсајдер.

Серијалот ,,Нов Амстердам” и ,,Добар Доктор”, исто така, донираа медицински материјали во локалните болници.

Здравствените работници ширум Америка не биле подготвени за големиот број заразени од коронавирус , па оттука и огромниот недостаток на опрема за лична заштита.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *