Кралицата е во изолација, нејзините должности ги презема Вилијам

Кралицата Елизабета (93) неколку дена размислувала што да направи за да го заштити своето здравје во време на пандемија на коронавирус. Со сопругот Филип (98) таа отпатувала во замокот Виндзор. Тие го поминуваат Велигден секоја година таму, а сега го започнуваат одморот малку порано.

Таа и се обрати на нацијата од нејзината резиденција во Виндзор.

Филип и јас пристигнавме во Виндзор, знаеме дека претстои тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се многу загрижени за здравјето. На сите ни е советувано да го промениме своето вообичаено секојдневие и да се прилагодиме на новата ситуација. Ние треба да го заштитиме нашето здравје и да мислиме на другите, целата наша заедница, а особено на најранливите. Многумина од нас ќе треба да најдат нови начини да останат во контакт со најблиските и семејствата и да ги чуваат безбедни од опасност. Убедена сум дека сме подготвени за овој предизвик. Можете да бидете уверени дека моето семејство и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога во целата оваа работа, се наведува во официјалниот профил на кралското семејство на „Инстаграм“.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *