Демант за веста за затворањето на битолскиот пазар

Почитувани, редакцијата на „Насловна“ во оваа прилика се извинува за погрешната вест објавена синоќа во врска со затворањето на битолскиот пазар.

Се работи за ненамерен превид и грешка во изворот, кој беше навремено увиден и веста беше отстранета. Веста беше објавена во 21 часот, а беше отстранета во 21:16, веднаш по сознанието дека се работи за лажна вест. Пазарот во Битола не се затвора.

Уште еднаш се извинуваме за настанатата грешка.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *