Facebook и Instagram го намалуваат квалитетот на видеата во Европа

Откако, неодамна Netflix и YouTube објавија дека го намалуваат квалитетот на видео стримингот во Европа, за да им овозможат на европските мрежи да се изборат со преоптоварениот интернет сообраќај за време на COVID-19 пандемијата, а сега им се придружува и Facebook.

Facebook, како и Instagram кој е во сопственост на Facebook, привремено ќе ја намали резолуцијата на видеа во Европа. Ова на партнерите на двете социјални мрежи би требало да им овозможи полесно да управуваат со протокот и да им овозможат на луѓето да останат во контакт.

Одлуката секако не претставува изненадување, со оглед на вкупната корисничка база која ја имаат Facebook и Instagram (Само Facebook во текот на летото 2019 објави дека има 288 милиони на дневно ниво во Европа), тоа би можело да доведе до преоптоварување доколку тие корисници бидат поактивни на мрежата од вообичаеното. Бројни корисници почнуваат да употребуваат видео разговор во секојдневната комуникација за да останат во контакт со луѓето кои вообичаено би ги виделе во живо.

Иако оваа одлука е непријатна за обожавателите на социјалните мрежи, значајна е за оние кои работат од дома и потребни им се интернет услуги.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *