Докторка од Ниш четврта жртва на коронавирус во Србија

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар соопшти за прв смртен случај од коронавирус меѓу медицинскиот персонал.

Според него станува збор за докторката Билјана Натиќ Љумовиќ од одделението за гинекологија во болницата во Ниш. Таа починала вчера на Инфективната клиника во Ниш.

Медиумите во Србија јавуваат дека докторката била во контакт со жена од Лугано, а имала и дијабет.

Поради симптоми на коронавирус била примена во болница пред неколку дена, по што здравствената состојба и се влошила, била приклучена на респиратор, но организмот не успеал да се избори.

Докторката е прва жртва од вирусот во Ниш, четврта во Србија.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *