Театарот за деца и младинци прославува 30 години од основањето

Театарот за деца и младинци денеска слави 30 години од основањето. На 25 март 1990, со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа единствениот професионален театар во земјата посветен на детската театарска продукција.

Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија. По повод 30-годишниот јубилеј создадовме монографија, во која е сумиран тридеценискиот развој на нашиот театар. Монографијата, како и останатите активности по повод роденденот, разбирливо, ќе бидат поместени за друга прилика, во која ќе се радуваме заедно со нашата публика“, велат од ТДМ.

Јубилејот ќе се слави под мотото „Сон што трае“.

Сите културни институции и воспитно-образовни установи се затворени од 10 март со одлука на Владата поради коронавирусот. Секоја недела напладне, на МТВ се емитува една претстава од репертоарот на ТДМ.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *