Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

СВЕТВо САД најмногу заболени од коронавирус во светотОбјавено пред 9 минути – 27 март, 2020Од Макфакс

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било земја во светот.

Со ова, САД ги надминаа Кина и Италија во бројот на случаи со коронавирус. Со 81.340 заразени случаи, Кина се најде на второ место во светот и Италија со 80.589 случаи на трето место.

Досега во САД починале 1.301 лице, а во критична состојба се повеќе од 2.000.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *