Пресуда за „Транспортер“ денес

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Транспортер“, во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола – Владимир Талески и уште 20-тина лица.

Обвинетите се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *