3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Ејуп Алими и Исмет Гури заработија затворски казни за изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Според пресудата која денеска ја објави судијата Марија Клетничка, двајцата обвинети преправале списи и записници од гласање за неколку избирачки места во општина Чаир, со додавање и одземање гласови. Менувале број на освоени гласови за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. 

Предметот Титаник 3 го отвори поранешното СЈО а обвинението го застапуваа обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Обвинителката Фетаи побара судот да им одреди мерки за обезбедување на обвинетите. Се бара забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патните исправи за Исмет Гури и Ејуп Алими.
Според одбраната, овие мерки се непотребни бидејќи нивните клиенти во текот на целиот судски процес биле достапни за судот.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *