Еве кога ќе биде дозволено да се шетаат домашните миленичиња

Во врска со измените и дополнувањата донесени на 56-тата седница на Владата за време на претстојниот викенд, исто останува времето за прошетки на миленичињата, односно тоа ќе може да се прави во веќе востановените термини.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08: 00 до 08: 30 часот, потоа попладне од 15: 00 до 15: 30 часот, како и навечер од 20: 00 до 20: 30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *