Нема веќе државен карантин туку само самоизолација со негативен тест

Граѓаните кои ќе влезат во земјава нема да одат во државен карантин туку во домашна самоизолација, одлучено е на денешната владина седница. Македонските државјани кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, ќе треба на приложат негативен тест за коронавирус направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.

Од Владата соопштуваат дека истата одлука ќе важи и за странските државјани.

„Задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест“, велат од Владата.

Исто така задолжително е придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *