Полицијата фатила 113 граѓани без маски

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 113 прекршоци за неносење на заштитна опрема на лицето, соопшти МВР.

Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра.

Казни од 20 евра за граѓаните што не носат маски, за фирмите по 2 000 евра

Во однос на полицискиот час изминатата ноќ, МВР регистрирала прекршувања од 46 лица, од кои 41 биле приведени.

Во последните 24 часа биле издадени решенија за изолација на 85 лица, а изјави за самоизолација потпишале 18.

Не се регистрирани прекршувања од страна на оние граѓани кои веќе се наоѓаат во изолација или самоизолација.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *