Филипче: Новозаболените се резултат на непочитување на мерките

Здравествениете власти тврдат дека имаат конторла врз епидемијата.

“Имаме контрола, но мерките мора да се почитуваат, ако не носиме маски и не држиме растојание вирусот ќе се шири” изјави министерот за здравество Венко Филипче.

Според него новозаболените се резултат на непочитување на мерките.

“Не се почитуваат мерките за носење маски и држење растојание. И тоа влијае врз одлуките на надлежните институции. Тоно е дека има нови случаи, но тоа е очекувано. Вирусот нема да го снема, ние ќе живееме со него и токму затоа се препораките за маски и растојание. Сведоци сме дека мерките се олабавуваат, животот постепено се враќа во нормала, но тоа е можно само со почитување на препораките, во спротивно бројот на пациенти ќе расте.“- дополни министерот Филипче во интервју.

Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола и дека единствен начин да се спречи неговото ширење е почитување на прпораките.

„Кластерите се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки. Во изминатиов период се покажа дека само со силно рестриктивни мерки е можно спречување на вирусот. Секако олабавување на мерките се планира и за наредната недела. Таму каде што се почитуваат мерките нема вирус, но го има онаму каде што не се почитуваат.“- изјави Филипче.

Министерот за здравство упати апел до граѓаните да ги почитиваат мерките кои ги препорачуваат здравствените власти.

„Многу е важна свеста кај народот. Треба да сфатиме дека станува збор за тешка болест, ама некои тоа не го сфаќаат. Целиот свет почнува да живее со вирусот, но мораме да ги имаме „меките“ мерки, со маска и растојание. Мерките даваат ефект ако се почитуваат, но и надлежните да интервенираат и да изрекуваат казни. Ќе водиме различен живот од тоа што го имавме претходно. Никој не го очекувал ова, но мора да се сменат навиките. Во целиот свет, не само кај нас.“- заврши министерот.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *