14 вработени во МВР заразени со ковид-19 и уште 103 во изолација

Вкупно 14 вработени во МВР до сега се заразени со ковид-19, информираат од МВР. Од таму велат дека по направени епдемилошки анкети, на 103 полициски службеници им се издадени решенија и се ставени во изолација по добиените резултати на заболените лица.

Како што беше објавено, се работи за припадници на ЕБР кои заедно со свои колеги престојувале на работни задачи во Охрид.

По откриените случаи на заразени лица, објектот каде што престојувале полицајците е затворен и направена е целосна дезинфекција.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *