Во Прилеп пет оздравени пациенти и двајца новозаболени лица

Во општина Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозаболени од Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на коронавирус, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески” хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на корона вирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.

Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на корона вирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица.

Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *