И во грчките хотели веќе нема ништо да биде исто

Хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со гости сомнителни на коронавирусот. 

Освен тоа, треба да имаат лекар и соработник. 

Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

Мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.

Оние со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена и слично. 

На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да држат растојание. Се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.

Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, а другите туристички објекти на 15 јуни 2020 година.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *