Реџепи се оженил со 50 годни помлада девојка, тврдат албанските портали

Реисот Сулејман Реџепи кој 4 години беше сингл, одлучил повторно да се жени, пишува на објавата на Шкупи Нисма на социјалните мрежи, која ја пренесуваат и дел од медиумите на албански јазик.

Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова љубовно брачна врска со 50 години помлада девојка.

Џематот сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого.

Му посакуваме живот како што заслужил – пишува во објавата на Шкупи Нисма на Фејсбук, кој постојано ги критикува политиките на ИВЗ.

Порталот контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *