СДСМ со огромна акција на терен за информираност на граѓаните за коронавирусот

Под мотото: “Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена”, низ цела југозападна и западна Република Северна Македонија, регион кого опфаќа како медиум Насловна, СДСМ реалзираше огромна акција на терен, каде директно ги информираа граѓаните за коронавирусот, а на секој кој имаше време да се информира и заштити му беше доделена бесплатна заштитна маска, која заклучно Протоколите на Светската здравствена организација и Уредбите на Националниот Кризен Штаб а по препораки од Институтот за заразни болести на Република Северна Македонија се обврзни за носење на јавни површини, маркети, трговски центри, пазари …

Активноста организирана од Општинските Организации на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, а реализирана од страна на кандидатите за пратеници за претстојните Парламентарни избори 2020 година со поддршка од Локалните клубови на Социјалдемократската младина на Македонија но и Форумите на жени при Општинските Организации.

“Здравјето на граѓаните пред се” е пораката од сите општини од кои Насловна денес доби информации за активностите на СДСМ, кои како и здравствените органи се јасни во ставот дека Пандемијата во Република Северна Македонија е под контрола, скоро и да нема непознати кластери и од ден во ден се поголем е бројот на лица кои оздравуваат од вирусното заболување.

Во Битола активностите традиционално низ Широк Сокак – градскиот пазар и Старата битолска чаршија, каде највозрасните денес пазареа намирници.

Во Општина Ресен низ централното градско подрачје каде иако граѓаните не баш ја почитуваа во целост обврската за социјална дистанца но покажаа голема самосвест за личната заштита.

Охриѓани традиционално покрај кејот од Охридското езеро и низ чаршија каде денес искористија и убав топол и сончев ден а и се подготвија за претстојниот продолжен викенд кој во дел ќе го поминеме во карантин.

Кичевчани исто така со огромно расположение но и желба директно да се информираат нешто повеќе за коронавирусот со задоволство ги прифаќаа заштитните маски и информативните флаери.

Крушево и крушевчани како и насекаде денот го искористија за разговор со пријателите, еден круг низ чаршијата, набавки на намирници, но и на по една прошетка по џадето па горе до Гумење.

И Струга во која како туристички град како и Охрид угостителите се подготвуваат за намалувањето на рестриктивните мерки за безбедност на граѓаните со најавеното отварање на летните тераси согласно Протоколот од здравствените власти од следната недела.

И во Вевчани, граѓаните со информативни флаери ги потсети на што е коронавирусот и како да се заштитиме од него и им подели бесплатни заштитни маски, затоа што СДСМ како што истакнуваат е одговорна политичка партија пред своите граѓани.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *