Само двајца преживеани а 97 загинати во авионската несреќа во Пакистан

Пакистанските власти објавија во саботата дека загинале 97 луѓе од патвничкиот авион кој се урна близу ародромот во јужниот град Карачи, а пронајдени се само двајца преживеани,.

Во моментов е потврдено дека 97 луѓе од авионот загинале, изјавила Меран Јусуф, портпаролка на покраинското министерство за здравство.

Вкупо 91 патник и осум членови на екипажот се наоѓале во авионот „Airbus A320“ кој се урна во петокот на тесна улица во населена област на Карачи непосредно пред слетувањето на меѓународниот аеродром Џинах, потврдиј во саботата портпаролот на пакистанската воздухопловна компанија PIA.

Со тоа е коригиран претходно објавениот бриј лица на летот PK 8303, и е потврдено дека станува збор за вкупно 99 лица во авионот, а не за 107 како што првично беше објавено.

Според портпаролката, телата на патниците и на екипажот се префрлени во две болници во Карачи и досега се идентификувани 19 жртви.

Припадниците на војската и на службите за брзи реакции цела ноќ со тешка механизација и хеликоптери ја раслистувале областа, остранувајќи ги урнатините од куќите и делови од трупот на авионот.

Наоѓањето на двајца преживеани, кои беа принајдени на самиот почеток на операцијата за спасување, дава надеж дека евентуално би можело да има уште преживеани, изјави претставник на компанијата. Еден од преживеаните е и претедателот на Punjab Bank, една од најголемите пакистански банки, рекол челникот на воздухопловната компанија.

Произведувачот на авионот „Airbus„ соопшти дека обезбедува техничка помош за Пакистан во истрагата за несреќата. Челникот на воздухопловната компанија Pakistani International Airlines (PIA), Аршад Малик, за чија компанија летал авионот на летот РК 8303 од североисточниот град Лахоре до јужниот Карачи, вети спроведување транспарентна истрага со „Airbus“ за тоа што може да биде причина за несреќата.

Според поселдните сознанија, авионот се забил во станбена зграда додека се прибложувал кон аеродромот. Во медиумските извештаи се наведува и дека се уништени пет куќи и многу возила на земјата.

Медиумските извештаи, кои се повикуваат на разни функционери и пакистанската авијација, компанијата и очевидци, пренесуваат дека се чини оти авионот не успеал да ги симне тркалата при слетувањето.

Според други, пилотот јавил дека има проблеми и се решил да направи круг, иако двете писти на аеродромот биле подготвени за слетување а се урнал од височина од 84 метри.

Други, пак, извори дека причина за трагедијата можеби е налет на авионот во јато птици. Сепак, сите функционери се согласни дека е прерано да се зборува за причините за несреќата.

Повеќе светски лидери, меѓу кои и индискиот премиер Нарендра Моди и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, изразија сочувство по веста за несреќата.

Пакистан на 15-ти мај повторно ги започна комерцијалните летови на домашните линии, по карантинот поради епидемијата со короанвирусот. Меѓународните линии се суспендирани до крајот на мај.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *