Царовска: Владата не доцни со економските мерки

Вицепремиерката за економски прашања во техничката влада, Мила Царовска денеска изјави дека не се доцни со економските мерки, туку дека третиот сет мерки ќе започне да се имплементира кога првите два ќе бидат при крај.

За да може да кажеме дека доцниме треба да знаеме дека првиот и вториот сет на мерки кои беа донесени од Владата и преточени во уредби и правни акти се уште се во тек и се имплементираат. Третиот сет мерки започнува во моментот кога овие мерки од првиот и вториот сет стигнуваат при крај.

Кога зборуваме за доцнење треба да сме свесни дека Владата овој сет трет на мерки го усвои минатата недела.

До денеска имаме поминато само шест дена и токму затоа инстиуциите работат посветено и јас сум сигурна дека наредната недела тие веќе ќе излезат со првите делови од мерките.

Не велам дека сите делови од мерките ќе се усвојат наредната недела. Првите мерки би требало да бидат преточени во уредба наредната недела и да почнат да се имплементираат по завршувањето на вториот сет мерки, но секако дека течат и мерките од првиот сет, рече Царовска.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *