Европски ден на парковите: Здрави паркови, здрави луѓе

Денеска е Европски ден на парковите, кој се одбележува од 1999 година како иницијатива на Федерацијата на европски национални паркови, во спомен на прогласувањето на првите национални паркови во Европа во Шведска. Бројни заштитени подрачја низ цела Европа, но и во регионот, го користат 24 мај како покана кон посетителите да се вратат во парковите.

-Парковите играат голема улога во во зачувувањето на здравјето на луѓето. Престојот во природа е неопходен за човекот ја обнови својата физичка и ментална енергија, а заради континуирано урбанизирање, од големо значење е да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, велат од Светски фонд за природа (ВВФ).

Извршниот директор на парковите „Динариди“, Зоран Мрдак, ги поканува посетителите на заштитените области да покажат посебна почит кон природата, вработените во заштитените подрачја, како и на другите посетители во наредните месеци.

-Покрај почитувањето на општите мерки пропишани од националните и локалните власти, почитта може да се постигне со детално планирање на посети, избегнување на ризични активности во паркот, како и одржување физичко растојание на најпосетуваните природни атракции. Особено би сакал да ја истакнам потребата за одговорен однос кон природата преку принципот – „Не оставам ништо зад себе“, односно со отстранување на отпадот на пропишан начин, посочува Мрдак.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *