Кафулињата и рестораните во Грција се подготвуваат за утрешниот нов почеток

Угостителските објекти и кафулињата во Грција, под конкретни правила и прописи, утре, една седмица порано од почетниот план ќе ги отворат за гостите надворешните делови и летните тераси.

Во пресрет на „утрешниот нов почеток“, сликата е речиси секаде идентична: сопствениците, работниците, вработените, максимално и со полна пареа, го користат викендов за сѐ да биде подготвено, да се запази потребното растојание меѓу масите, да се дезинфицира и да се исчисти просторот.

Велат дека ќе бидат целосно подготвени за утре, но се воздржани во однос на тоа дали ќе имаат гости.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *