Нема да има нови OnePlus McLaren смартфони

McLaren неодамна го отстрани логото на компанијата OnePlus од својата страница посветена на партнерите, а тоа резултираше со шпекулации дека повеќе нема да го има скапоцениот OnePlus McLaren модел. Официјалната потврда пристигна од McLaren.

„Нашето партнерство со компанијата OnePlus беше многу успешно, но дојде до својот планиран крај. Од почетокот на 2018. година, OnePlus ни пружаше поддршка и беше вреден партнер. Им посакуваме се најдобро и се надеваме дека повторно ќе ги видиме во иднина„, се наведува во соопштението на McLaren.

Досега видовме две специјални верзии на OnePlus смартфонот кој е резултат на соработката со McLaren, а тоа се OnePlus 6T McLаren Edition од 2018. и OnePlust 7T McLaren Edition.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *