СДСМ Вевчани, изјава на директорот Стојкоски: Здравството има капацитет

За капацитетот на македонскиот здравствен систем денес говореше и
Јован Стојкоски директор на ЈЗУ др. “Светозар Чочороски” – Вевчани.

Текстот на неговата изјава ви го пренесуваме интегрално:

Почитувани,

Македонското здравство има сила и капацитет да се справи со вирусот.

Министерот Венко Филипче покажа како се работи со здравството.

Во последниот период гледаме зголемен број на заболени лица од Ковид – 19. Тоа бидејќи Министерството за здравство ги има лоцирано сите кластери и се вршат поголем број тестирања според контактите на заболените.

Граѓаните на Општина Вевчани до сега добро се справуваат со вирусот, бидејќи свесно го прифатија како видна опасност и ги почитуваат мерките дадено од Светската здравствена организација и Министерството за здравство.

Здравствениот дом др. “Светозар Чочороски” – Вевчани обезбедува здравствена заштита за 30.000 жители: Вевчани, Октиси, Лабуништа, Подгорци, Таш Маруништа, Велешта, Добовјани, Горно и Долно Татеши, Боровец, Јабланица, Лакавица.

Располагаме со:

Современа поликлиника;
Клиничка биохемиска лабараторија;
Ренген дијагностика со мамографија;
Специјалистичка дејност по интерна медицина со ехо дијагностика;
Кардиологија со кардио стрес тест;
ОРЛ – уво, нос и грло;
Вакцинации;
Превентивна стоматологија;
Домашно лекување.

Развиена служба за итна медицинска помош во Вевчани и Лабуништа опремени со најсовремена опрема за заштита од Ковид – 19.

Во блиска иднина од специјализација се враќаат лекари специјалисти по физикална терапија, офтамологија, ургентна медицина, ОРЛ, РТГ.
Исто така, ќе се доделат специјализации по дерматовенерологија, педијатрија и психијатрија.

90 вработени; 5 специјалисти, специјализанти, 10 Доктори по општа медицина, 2 Доктори стоматолози, повеќе од 50 медицински сестри, медицински лаборанти, РТГ техничари, забни техничари.

Здравствениот дом др. “Светозар Чочороски” – Вевчани ќе продолжи и понатаму со грижа за сите граѓани преку квалитетната работа и персоналот со кој располагаме.

Апелираме до сите граѓани на Република Северна Македонија да се воздржите од масовните собири и сл. и да ги почитувате мерките кои се за доброто на сите нас!

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *