Втор ден без нови заболени во Шпанија

Во Шпанија нема починати од коронавирус веќе втор ден по ред, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на починати е непроменет од неделата и изнесува 27.127 наведе Министерството.

Со 27.127 жртви на Ковид-19, Шпанија е на шестото место во светот по бројот на починати.

Бројот на новозаразени од коронавирус се зголеми во однос на вчера за 137. Вкупниот број случаи изнесува 286.718 со што Шпанија е на четвртото место во светот според бројот на заразени од коронавирус.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *