Aрафат Муареми е негативен на ковид-19

Директорот на Управата за финансиска полиција, Aрафат Муареми, кој е во самоизолација поради контакт со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, е негативен на тестот на коронавирусот.

Ве известувам дека ги добив резултатите од тестирањето за ковид-19 и истите се негативни.

Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020.

На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции. – напиша Муареми.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *