МВР во потрага по поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Велешкиот суд вчера му одреди 30 дневен притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, но потрагата на полицијата по него засега е без успех.

Панчевски вчера не се појавил на рочиштето во судот, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека се уште не можат да го лоцираат, односно дека потрагата по Панчевски е во тек.

„МВР постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П и во моментот кога ќе бидат создадени услови ќе биде лоциран истиот ќе биде приведен.Се трага на повеќе локации“, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *