Исчезнати две малолетнички, за кои има сомнежи дека работат во угостителски објект

Во Полициската станица Радовиш вчера околу 19 и 30 часот шеесет и шест годишна жителка од село Злеово, радовишко, пријавила дека на 10 јули годинава, во периодот од 15 до 20 часот, нејзините две внуки, на возраст од 14 и 16 години се оддалечиле од домот.

„На 12.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Е.К.(66) од с.Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, нејзините две внуки Ј.К.(14) и А.К.(16) се оддалечиле од домот. Според пријавеното, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во село Сарај, струмичко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *