Европската комисија вели дека брзите антигени тестови треба да се користат само кај лица со симптоми

Европската комисија денеска препорача брзите антигени тестови за откривање на присуство на ковид-19, да се користат главно кај луѓе кои покажуваат симптоми, бидејќи кај асимптоматските лица се помалку сигурни.

Брзите антигени тестови треба да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите или во рок од седум дена после контакт со лице заболено со ковид-19- се вели во необврзувачките препораки на владите од земјите членки.

-Што се однесува до можноста за употреба на брзи антигени тестови кај асимптоматски лица, треба да се има предвид дека досега има многу ограничени податоци за нивната ефикасност во овој контекст, се вели во препораките.

Комисијата објави упатства за брзите антигени тестови

Пред новиот виртуелен самит на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи во четврток навечер, Комисијата издаде упатства за тоа кога е прикладно да се користат брзите антигени тестови и кој би требало да ги спроведува.

Тестирањето ни кажува колкава е скалата на инфекцијата, каде и како се развива. Тоа е клучна алатка за забавување на ширењето на ковид-19- рече комесарот за здравство Стела Киријакидес.

Спасот од пандемијата на ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата, рече комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидeс, на презентацијата на предлогот на Европската комисија (ЕК) за акција од европските земји за обезбедување на вакцина против новата болест.Таа истакна дека главната цел на ЕУ ќе биде да следи дали вакцината, кога ќе биде одобрена и испорачана, е навистина безбедна. Според неа, се додека нема вакцина, спроведувањето на познатите мерки останува клучно.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *