Албанскиот претседател во посета на Дебар

Верувам дека Република Северна Македонија ќе го надмине проблемот со Бугарија и тоа  по пат на демократски дијалог и  многу брзо ќе ги  започне преговорите за членство во ЕУ.

Македонија во своите демократски процеси имаше позитивна  политика позитивни демократски  прцеси затоа е многу блиску до ЕУ. Ова денеска во Дебар го изјави албанскиот претседател Илир Мета  и притоа додаде дека  позицијата на Албанија  за почеток на преговорите во споредба со РС Македонија и поинаква и таа треба да стори повеќе, рече Мета.

Албанскиот прертседател кој денеска е во посета на Дебар и ќе учествува на Акедомијата посветена на 111 годишнина од Дебарскиот конгрес  ја изнесе оценката дека  ,, и за двете соседи нема друг пат патот интеграцијата во  ЕУ.

Мета односите на билатерален план помеѓу Скопје и Тирана ги оцени како  мошне добри, но додека дека има можност тие да се продлабочуваат. На поздравниот збор што албанскиот претседател  го имаше  пред членовите на Советот на Дебар каде рече  дека многу е горд што денеска за прв пат како претседател на Албанија престојува во Дебар и ке учествува на Академијата посветена 111 годишмнината на Дебарскиот конгрес за кој нагласи дека е од историско значење за албанскиот народ . Тој потенцираше дека ,,Дебар има дадено многу низ историјата на албанскиот народ  во целина”.

Албанскиот претседател Мета придружуван од страна на градоначалникот Хекуран Дука , ги посети Новата дебарска џамија и Манастирот Свети Јован Бигорски.

Попладне ќе се одржи Академијата по повод 111 годишнината од Дебараскиот конгрес на која се очекува да присуствуваат и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *