Експерименталната вакцина во Кина ја примија околу милион луѓе

Милион граѓани веќе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот на кинескиот фармацевтски гингант „Синофарм“ во рамките на итната програма на одобрена од кинеските власти. Дел од виролозите сметаат дека ова е научно експлоатирање на граѓаните, додека пак директорот на гигантот посочи дека речиси и да нема нус појави кај оние кои се вакцинирале.

,,Нема ниту еден единствен случај на посериозни негативни реакции кај примателите, само неколкумина почувствувале благи симптоми.

Кина веќе подолг период добро се справува со коронакризата, а откако се откриени девет позитивни случаи во градот Тијанџин, властите одлучија да спроведат 3 милионско тестирање во местото.

И понатаму сите патишта водат кон глобалната имунизација за крај на пандемијата, односно вакцината против коронавирусот. ЕУ, САД, Индија и Кина веќе откупија голем број на дози од различни производители, па тука се поставува прашањето кога таа ќе биде достапна за помалите земји.

,,Разбирливо е дека лидерите на земјите прво сакаат да го заштитат нивниот народ, секако, должни се тоа да го направат, но одговорот кон пандемијата мора да биде колективен.

Од друга страна, вирусот и понатаму чекор понапред во соседството. Србија со предлог за воведување делумно затворање на земјата, односно по 17 часот во земјата ќе работат само маркетите, аптеките и бензиските пумпи, доколку истиот се усвои на денешната владина седница.

Словенија во последното деноноќие регистрираше 31 жртва на коронавирусот, со што и официјално надминаа илјада од почетокот на пандемијата.

Подобра не е ситуацијата ни во Грција, која во последните 24 часа постави нов негативен рекорд од 72 починати лица, дополнително е зголемен и бројот на пациенти приклучени на апарати.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *