Македонија прв ден живее во кризна состојба на целата територија

По воведувањето се очекуваат првите одлуки на Главниот кризен штаб во насока на спречување на ширење на вирусот и менаџирање на сите достапни капацитети за лекување на болните.

Согласно Одлуката за кризна состојба, Главниот штаб за управување со кризи синоќа во ЦУК веќе одржа седница. По конкустривна и куса дискусија, соопшти, беше утврдена рамка на активности на институциите во контекст на усвојување акциски план.

Со Главниот штаб раководеше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјектите кои се дел од Системот за управување со кризи, назначени согласно Законот за управување со кризи – министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Според ЦУК, донесената Одлука за кризна состојба на територијата на цела држава е во насока на заштита на јавното здравје во услови на пандемија, безбедноста на населението и за спречување на КОВИД-19.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *