Украден накит во вредност до три милиони евра во Париз

Познатата златарница „Шоме“ во Париз вчера попладне околу 17 часот била ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз. Златарницата „Шоме“ се наоѓа во близина на Елисејските полиња во Париз.

Како што објави весникот „Паризиен“, разбојникот, кој дошол со скутер, влегол во познатата златарница околу 17 часот со пиштол и одзел накит и скапоцени камења, без насилство.

You must be logged in to post a comment Login