Објавен трејлерот за „House of Gucci“: Џаред Лето непрепознатлив, Лејди Гага воодушевува

Објавен е трејлерот за „House of Gucci“, а странските медиуми и корисници на социјалните мрежи не престануваат да го коментираат изгледот на Џаред Лето за улогата во филмот.

Џаред во филмот го глуми Паоло Гучи кој своевремено беше потпретседател на компанијата „Gucci“.

Филмот за кој многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година се темели на вистинита приказна за Патриција Реџани која е осудена за оркестрирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен поглавар на модната куќа, Маурицио Гучи.

Патриција ја глуми Лејди Гага, а Маурицио Адам Драјвер.

„Лејди Гага во House of Gucci. Ова е историја“, „Светот не е подготвен за ова“, „Гага ќе доминира следната сезона на доделување на филмските награди“, биле само дел од коментарите на твитерџиите по објавувањето на трејлерот.

Погледнете го трејлерот:

You must be logged in to post a comment Login