Крнчева: За реконструкција на Градскиот пазар, Општина Битола издвои над 140.000 евра

Прес конференција на Татјана Крнчева, советник во Советот на Општина Битола од редовите на СДСМ.

Градскиот пазар во Битола конечно заличи на градски во вистинска смисла на зборот.

Ги нема веќе најлоните над главите на продавачите и купувачите.

Заменети се и нефункционалните и грди тезги за бижутерија, цвеќиња, јужно овошје.

Просторот се уредува со клупи, чешми, патеки како што доликува на еден од најубавите пазари во земјава.

За реконструкција на Градскиот пазар, Општина Битола предводена од СДСМ издвои над 140.000 евра.

180.000 денари чинеше изработката на проектната документација што ја порача Градоначалничката Наташа Петровска, а директно од општинската каса се вложија уште 8,5 милиони денари за промена на ликот на Градскиот пазар во Битола.

Во реконструкцијата, учество зеде и Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој со 5.750.000 денари.

За комплетно новата слика на Градскиот пазар во Битола се погрижи и ЈП Пазари кое ги уреди тезгите спроти сирењарата, а со реконструктините зафати во и на управната зграда, претпријатието сега целосно се вклопува во амбинетот на зелен градски пазар.

Пазарот е култно место за Битола и биточани, а Битола и битолчани го заслужуваат најдоброто !

СДСМ ја вети и ја реализира реконструкцијата на пазарот, на задоволство и на купувачите и на пазарџиите !

You must be logged in to post a comment Login