Градоначалничката Петровска на завршната вечер од фестивалот ,,Илинденски денови”

Со доделување на наградите за најуспешните учесници, синоќа во Битола заврши 51-то издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Меѓу присутните во публиката беше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и н.е. амбасадорот на Руската федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

Во чест на наградените, синоќа настапија ансамблот „Македонија“ од Скопје, КУД „Дуле Милосавлевиќ“ од Чачак-Србија, ансамбл за танци плус фолклор од Елбасан-Албанија, сибирскиот фолклорен ансамбл од Краснојарск-Русија, а со посебен аплауз беше поздравен настапот на грчкиот фолклорен ансамбл „Елкелам“ од Атина кои на фестивалската сцена освен игра ги отпеаја песните „Битола мој роден крај“, „Ѓурѓо девојко“ и „Јовано, Јованке“, а пријатно изненадување за публиката беше и американската фолклорна група од државата Јута чии млади членови освен препознатлива игра на фестивалот ја испеаја македонската песна „Во Струга дуќан да имам“.

You must be logged in to post a comment Login