Почина легендарниот кошаркар на Партизан

Поранешниот кошаркар на Партизан и некогашен репрезентативец на Југославија Боабан Петровиќ, починал денеска во Јужна Африка.

„Неодамна доживеа сообраќајна несреќа, па последните денови ги мина во болница. Поради ковид мерките контактот беше ограничен, а утрово не затекна веста дека престана да чука срцето на легендарниот центар на „црно-белите“, соопштија од Партизан.

Петровиќ е роден 1957 година, а од 1976 до 1985 година играше за Партизан.

Беше дел од националниот тим на Југославија на ЕП 1981 кога селекцијата освои сребро, а потоа и на СП 1982 кога репрезентацијата се закити со бронза.

Петровиќ беше 10 најдобар стрелец во историјата на Партизан.

You must be logged in to post a comment Login