Ѓоковиќ: Не знам дали публиката ќе навива за мене

Во недела од 09:30 часот по македонско време во Мелбурн најдобриот српски тенисер ќе го игра своето осмо финале на “Австралија опен” каде беше подобар во претходните седум завршни битки а сега ривал му е Доминик Тим.

Австриецот Тим ги доби последните три меча против Новак Ѓоковиќ но Србинот води во меѓусебните дуели со 6 – 4.

Тим е еден од најголемите работници. Напредува во секој аспект на играта и како поминува времето секогаш се труди да биде најдобар. Особено на терени кои што се малку побрзи и кои помалку му одговараат. Сака да има време со многу сила и ротација на удари нешто слично како Надал. – рече Ѓоковиќ.

Доби прашање од новинарите дали очекува поголема поддршка за него или Тим во финалето на што тој одговори во свој стил.

Не знам – ќе видиме. Не можам да предвидам дали публиката ќе навива за мене или не. Знам дека ќе ги имам нашите Срби и ќе ме поддржуваат. Сега независно дали поголемиот дел ќе биде за мене или не – знам што треба да направам во финалето. – додаде Ѓоковиќ.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР