Арапската лига го отфрли мировниот план на Трамп

Арапска лига објави дека го отфрла решението за израелско палестинскиот конфликт претставен претходно оваа недела од американскиот претседател Доналд Трамп изјавувајќи дека го смета за “неправеден” кон Палестинците.

Организацијата се собра во Каиро на ниво на арапските министри за надворешни работи во присуство на палестинскиот претседател Махмуд Абас по објавувањето на американскиот план што Палестинците го отфрлаат.

Организацијата во соопштението објавено по состанокот вели дека “го отфрла американско израелкиот договор затоа што не ги почитува основните права и тенденции на палестинскиот народ”.

Арапска лига додаде дека арапските лидери ветиле дека нема да соработуваат со американската администрација во тој поглед.

Арапските лидери исто така инсистирале на потребата од решение на две држави кое вклучува основање на палестинска држава во границите од 1967 година со главен град во источен Ерусалим, палестинскиот сектор на градот окупиран и анексиран од Израел.

Во својот план Вашингтон оцени дека Ерусалим е неделива престолнина на Израел и предложи формирање на главен град на можната палестинска држава во Абу Дис предградие на Ерусалим.

Палестинците сакаат цел Источен Ерусалим да биде главен град на нивната држава. Други слаби точки на планот се изградбата на израелските населби на Западниот Брег окупиран од 1967 година.

Абас денес објави прекинување на сите односи вклучително и безбедносните меѓу палестинската власт и Израел и Соединетите Американски Држави и го оцени американскиот план за “кршење на договорот од Осло” потпишан со Израел во 1993 година.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР