Брвеница со матичен лекар после пет години

Во тетовска Брвеница по пет години започна со работа ординација со што ќе има матичен лекар за тамошните жителите.

На отворањето присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Ординацијата има договор за работа со Фондот за здравствено осигурување. Значењето е големо бидејќи после пет години тука ќе има матичен лекар и нема да има потреба за тоа да се оди до Тетово. Со тоа ќе се обезбедат потребите на населението во Брвеница но и Долно Седларце каде живеат речиси 5 илјади луѓе. – изјави министерот Венко Филипче при вчерашната посета на тетовскиот регион.

Во ординацијата ќе работат лекар по општа медицина и две медицински сестри. Ќе има можност за патронажен сервис и имунизација

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР