Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 259 и 12.000 заразени

Новиот вирус ги опустоши градовите во Кина каде низ улиците речиси да нема никој. Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 259 а речиси 12.000 лица се заразени низ светот.

Во Хонгконг продавниците се главно затворени прекината е наставата во училиштата а на вработените им е овозможено да работат од дома.

Поради страв од вирусот голем број граѓани не излегуваат од своите домови а во аптеките и продавниците е распродадена целата стока. Оние похрабрите кои се движат низ улиците и извршуваат секојдневни активности носат заштитни маски.

Претставникот на Светската здравствена организација за Кина Гауден Галеа изјави дека сообраќајните и трговските забрани се непотребни додавајќи оти државите пред се треба да се фокусираат на идентификување на вирусот и да одговорат на избивањето на епидемијата.

Во кинеските градови продолжува примената на посебни мерки а тим предводен од премиерот Ли Кечијанг најави дека работата ќе ја координира со локалните власти.

Новиот коронавирус се појави во декември минатата година прво во кинескиот град Вухан од каде се прошири и во други градови во Кина и низ светот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР