Бугарија е за паралелни процеси на реформи и преговори за членство во ЕУ

Шефицата на бугарската дипломатија смета дека новата методологија не треба да ги спречува преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

Новата методологија не треба да го спречува процесот на проширување на Европската Унија и почнувањето преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. – изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

За време на средба со турскиот министер за надворешни работи меѓу останатото била разгледана и новата методологија за проширување на ЕУ. Захариева рече дека за тоа прашање треба да се чека одлуката на Европската комисија која ќе биде објавена на 5 февруари.

Преговорите и одобрувањето на новата методологија не треба да бидат причина за запирање на тековните процеси како што е започнување преговори со Северна Македонија и Албанија. – изјави Захариева.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР