Грција со засилена безбедноста на копнената граница со Турција

Грција ја зајакнува безбедноста на својата порозна копнена граница со Турција која илјадници емигранти ја користат за да влезат во Европа.

На таа граница се распоредуваат дополнителни чувари кои ги поддржува и мрежа од моќни надзорни камери. – соопштија грчките власти.

Земјата се бори со голем пораст на емиграцијата преку Турција и стана главната точка на нивниот влез во Европа.

Камповите за емигранти на грчките острови се преполни а неделава беа најавени пловечки бариери и огради кои би ги блокирале емигрантските бродови во Егејското Море.

На североисточната копнена граница со Турција која главно оди по реката Еврос војската и полицијата почнаа заеднички патроли додека полицијата ќе ангажира доплнителни 400 граничари. – соопштија властите.

Грција веќе постави ограда долга 10 километри по должина на делот од границата каде што реката ја менува насоката но остана дел со сува земја која емигрантите лесно го минуваат.

Камерите ќе бидат поставени на столбови високи 50 метри а секоја ќе може да покрие 10 километри од границата долга 200 километри.

Во Грција минатата година според податоците на УНХЦР влегле 75.000 емигранти.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР