Заработка на “Амазон” од 13.2 милијарди долари за 15 минути

Големата заработка е благодарение на поскапувањето на акциите на компанија “Амазон” за 12 отсто. Порастот на акциите е резултат на успешниот квартален извештај на компанијата кој аналитичарите не го очекувале. Само во последните три месеци од 2019 година компанијата “Амазон” го зголемила својот профит за 8 отсто.

Компанијата на Џеф Безос има 798.000 постојано вработени низ светот а неговото богатството се проценува на околу 130 милијарди.

Безос вели дека моментално имаат повеќе од 150 милиони претплатници на “Прајм” и дека “Амазон” отскокнал од првобитната идеја. Сакале да се занимаваат со онлајн трговија но сега се најголемата сила на облак технологијата. “Амазон Прајм” е еден од најголемите стриминг сервиси за видео а музичкиот стриминг сервис на Безос привлече повеќе од 55 милиони претплатници.

Мекензи Безос неговата поранешна жена исто така има причини за славење бидејќи сега се најде на 24-тото место на листата со најбогати луѓе во светот со заработка од 31.1 милијарди долари.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР