Имаат по 19 години и вредат над 150 милиони

Борусија Дортмунд ги обедини најдобрите фудбалски таленти Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд тоа е најсилниот тинејџерски тандем во светот.

Трансфер политиката на “милионерите” е неверојатна затоа што купуваат евтино а продаваат скапо. Санчо и Ерлинг се двајцата тинејџери кои се најбарани на светот во моментов. Имаат по 19 години и играат маестрално.

Немаат големо искуство но имаат квалитет да бидат најдобрите фудбалери на денешницата така Санчо постигна 11 голови на 17 натпревари, додека Халанд за РБ Салцбург постигна 8 голови во Лигата на шампионите а на две средби во дресот на Дортмунд пет пати постигна гол што е апсолутен рекорд во германскиот фудбал.

Откупната клаузула за двајцата играчи е над 150 милиони евра и ова значи дека оваа сума  е загарантирана за Дортумд во случај “милионерите” да се решат на продажба на тинејџерските сензации.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР