Има 92 години и 3 милиони следбеници на Инстаграм

92 годишната баба Рун Вут Винкл моментално е најголема интернет сензација. Таа има своја козметичка колекција и дури 3 милиони луѓе го следат нејзиниот живот преку Инстаграм а Ријана и Мајли Сајрус се нејзини фанови.

Пред  да стане славна оваа баба живеела нормален живот во градчето Кентаки. Имала мала фарма – се грижела за правнуците – ја одржувала градината и секоја недела одела во црква. Еден ден нејзината правнука ја фотографирала во кратки панталони и маица и и помогнала да отвори Инстаграм профил.

Отсекогаш бев бунтовник па така дојдов до корисничкото име Беди Винкл. – рекла таа.

Нејзината прва објава набрзо станала вирална а бројот на следачи се зголемувал од ден на ден. Социјалните мрежи ги освоила со своите весели и шарени модни комбинации и со ставот дека за ништо не и е грижа.

Иако нејзиниот стил може не му се допаѓа секому тешко е да се негира фактот дека нејзината самодоверба е инспиративна.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР