Македонија со билатерален договор за односите со Британија по Брегзит

До крајот на декември 2020 година за Велика Британија ќе важи правото и сите меѓународни договори и документи на Европската унија.

За Северна Македонија тоа значи дека во тој период важечките билатерални и мултилатерални договори меѓу нашата држава и ЕУ ќе продолжат да важат и да се применуваат и во билатералните односи со Британија.

Меѓу поважните договори чија примена ќе трае во тој период е Спогодбата за стабилизација и асоцијација која ги регулира трговските и економските односи со Унијата а со тоа и со Британија.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски вели дека македонската влада веќе подготвила билатерален договор со кој ќе се уредат економските и трговски односи со Британија по истекот на транзицискиот период.

Според најавите Договорот треба биде усвоен од владата до средината на февруари.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР